Егзон Белица нов член на Шкендија

Актуелниот македонски фудбалски шампион, Шкендија, денес го претстави искусниот дефанзивец Егзон Белица како свое најново засилување. Триесет и четиригодишниот фудбалер, кој доаѓа од редовите на Работнички, ќе биде важен дел од тимот на тренерот Јетон Беќири, особено во пресрет на настапот во групната фаза од Лигата на конференциите.

​Белица е добро познато име во македонскиот фудбал, со долгогодишно искуство во ПМФЛ, но и со меѓународни настапи во Косово, Албанија, Финска и Романија. Неговото искуство се очекува да биде од голема помош за тетовци во предизвиците што ги очекуваат оваа сезона, како во европските натпреварувања, така и во домашниот шампионат.