Едносменска настава во Чаир, Меџити најавува европско образование

По повод почетокот на новата учебна година, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, го посети Основното училиште „Конгреси и Манастирит“ во општина Чаир, каде што најави воведување на едносменска настава како прв чекор кон европско образование.

​Меџити истакна дека ова не е само најава, туку конкретна реализација која покажува сериозна работа, план и одговорност.

​Подобрувања за учениците, родителите и наставниците

​Според Меџити, едносменската настава ќе донесе многу придобивки:

– ​За децата: Поквалитетна настава, повеќе интерактивни часови, спорт и култура, како и побезбеден амбиент.

– ​За родителите: Гарантирана грижа и безбедност, помалку стрес и полесно планирање на работниот ден.

​- За наставниците: Обука за современи методи, користење на дигитални алатки и јасна организација на работниот ден.

​Првиот вицепремиер најави дека пилот-моделот од ова училиште ќе се прошири според јасен календар, со цел во рок од четири години сите основни училишта во Чаир да функционираат со едносменска и целодневна настава.