Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека во текот на изминатата ноќ и до денес попладне, Итната медицинска помош извршила 13 интервенции во реонот на Трубарево. Од нив, само едно лице е пренесено на Клиниката за токсикологија.
Директорот на Клиниката за токсикологија, Арѓенд Имери, изјави дека пациентката која била примена во текот на ноќта е во добра состојба, иако била задржана на лекување поради пропратни симптоми.
Дополнително, д-р Имери информираше дека денеска биле прегледани и пуштени дома уште тројца пациенти.
Министерот Алиу додаде дека Кризниот штаб на Министерството за здравство континуирано заседава и дека ќе се преземаат соодветни мерки.