Елиф Елмас: Натпреварот со Саудиска Арабија е важен тест пред дуелот со Лихтенштајн

Пред утрешниот пријателски натпревар помеѓу Саудиска Арабија и Македонија во Прага, репрезентативецот Елиф Елмас изјави дека иако е пријателски, овој меч го смета за важен тест и добра подготовка за претстојниот квалификациски натпревар со Лихтенштајн.

​„За нас пријателски натпревари не постојат. Овој дуел ќе ни даде многу, затоа што сите ќе видиме до каде сме и какви подготовки имавме. Играме против сериозен ривал, гледавме снимки од Саудиска Арабија и затоа ќе имаме максимален фокус. Овој меч е одлична подготовка и увертира за дуелот со Лихтенштајн“, изјави Елмас.

​Тој нагласи дека се чувствува подготвен по добрите подготовки и дека со нетрпение очекува да настапи на натпревар со голема важност по подолго време.

​Елмас предупреди дека Саудиска Арабија е тим кој игра со голем посед на топката, поради што македонските фудбалери ќе мора да бидат максимално концентрирани.

​„Ние секогаш излегуваме на терен по победа, свесни за квалитетот кој го имаме. Секој настап за Македонија е мотив плус и верувам дека овој пријателски натпревар ќе биде од голема корист за нас“, заклучи Елмас.