Елиф Елмас повторно во Лигата на шампионите со Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде на списокот на фудбалери на Наполи кои ќе настапуваат во Лигата на шампионите оваа сезона. Списокот го објави клубот, а со тоа се потврди дека Елмас, кој вчера се врати во тимот, повторно ќе биде дел од најелитното европско клупско натпреварување.

​За оваа сезона, Елмас го доби дресот со број 20. При неговото прво доаѓање во Наполи ја носеше „дванаесетката“, а потоа настапуваше со бројот 7.