Ерлинг Халанд постави нов рекорд во Лигата на шампионите

​Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд постави нов рекорд во Лигата на шампионите, постигнувајќи го својот 50-ти гол на само 49 одиграни натпревари. Тоа го прави најбрз играч во историјата на ова натпреварување што стигнал до оваа бројка.

​Јубилејниот гол го постигна во 56. минута од натпреварот меѓу Манчестер Сити и Наполи, по асистенција на Фил Фоден.

​Со овој гол, Халанд се изедначи со легендарниот Тиери Анри на вечната листа на стрелци во Лигата на шампионите, каде сега го делат деветтото и десеттото место со по 50 гола.

​И покрај тоа што е далеку од врвот на листата, на 25-годишна возраст, Халанд има доволно време пред себе да се искачи на врвот.