Битолски Е. Пелистер ја потврди доминацијата пред стартот на новата сезона, освојувајќи го првиот Регионален турнир во Скопје. Во одлучувачкиот меч, македонскиот шампион го совлада вечниот ривал Вардар со резултат 25-23, со што стигна до првото место на турнирот.
Ова е трет последователен триумф на Е. Пелистер над Вардар, што покажува дека битолскиот тим е во подобра форма пред официјалниот почеток на првенството. Во текот на целиот натпревар, ракометарите на Е. Пелистер успеваа да ја одржуваат разликата, додека Вардар беше далеку од посакуваната форма.
Со оваа победа, Е. Пелистер го заврши турнирот со максимални три победи, откако претходно ги совлада и екипите на Војводина и Ловќен.