Жарко Стеваноски: Ние сме нација која се собира за концерти, а не за промени

Адвокатот Жарко Стеваноски на својот Фејсбук-профил објави фотографија од дрон од концертот на Дино Мерлин на штипската „Пастрмајлијада“. На фотографијата се гледа огромна публика од над 100.000 посетители и колони од автомобили долги 10 километри.

​Во објавата, Стеваноски ја критикува јавноста, тврдејќи дека луѓето никогаш немале храброст да се соберат во толкав број за да се спротивстават на властите, лошиот животен стандард, смртта на 63 млади животи во Кочани или загадувањето на воздухот.

​Тој заклучува дека граѓаните секогаш се присутни во голем број кога станува збор за содржини од забавен карактер.