Една Русинка е предмет на кривична пријава откако го сменила своето презиме во Шојгу и се претставувала како роднина на секретарот на рускиот Совет за безбедност и поранешен министер за одбрана, Сергеј Шојгу, за да измами десетици луѓе за пари, пренесе „Танјуг“.
Адвокатот Саид Јарахмедов, кој застапува три од жртвите, изјави за „РИА Новости“ дека жената ги променила податоците во пасошот и добила документи на име на Шојгу. Потоа, таа запознавала луѓе и им нудела да инвестираат во нејзиниот бизнис со ветување за месечен приход.
Според Јарахмедов, измамницата кратко по добивањето на парите исчезнала.
„Некој ѝ дал милион рубљи (околу 11.000 евра), некој 1,2 милиони, 1,5 милиони. Вкупно, неколку десетици жртви беа оштетени“, рече адвокатот. Против жената е поднесена кривична пријава до полицијата.