Вчера, во 12:51 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната во стан на подрачјето на Општина Аеродром.
Нападот се случил околу 10:00 часот, а пријавениот напаѓач е нејзиниот поранешен вонбрачен партнер, З.Н. (38).
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.