Жена од Тетово измамена за речиси 27.000 евра преку телефонска измама

Вчера во 14:40 часот, 79-годишна тетовчанка пријавила во СВР Тетово дека била измамена и ѝ биле одземени 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци.

​Според пријавата, непознато лице телефонски се претставило како лекар и ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа и дека се здобила со тешки повреди. Измамникот ја убедил дека парите се неопходни за операција.

​За да ја изврши измамата, лицето ја натерало жената да ги фрли парите од балкон, а таа дури подоцна сфатила дека била жртва на измама.

​МВР презема мерки за расчистување на случајот.