Напаѓачот на Ливерпул, Уго Екитике, ќе се соочи со жестока финансиска казна од клубот поради црвениот картон кој го заработи на натпреварот од третото коло на Лига купот против Саутемптон.
Францускиот репрезентативец најпрво го постигна победничкиот гол, но при прославата го соблече дресот, за што доби втор жолт картон и мораше предвреме да го напушти теренот.
Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул ќе го казни Екитике со одземање на две неделни плати, што во превод изнесува околу 600.000 евра.
Екитике, за кого Ливерпул на Ајнтрахт му плати 80 милиони евра, има годишна бруто плата од 15 милиони евра. Тој нема да биде во протоколот за претстојниот натпревар од Премиер лигата против Кристал Палас.
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, го прокоментира инцидентот:
„Секогаш е најдобро да ги контролираш емоциите, а ако не можеш, тогаш прави го тоа на начин што нема да доведе до жолт картон. Кога бев исклучен против Евертон минатата сезона, реков дека е глупаво, но ако добиеш црвен картон по жолтиот картон, тогаш тоа е и непотребно и глупаво.“