Жители на скопската населба Сингелиќ се жалат дека со години имаат проблеми со нивниот сосед Хасан Синани, и покрај повеќе пријави до полицијата.
Според нивните тврдења за „Порталикс“, ситуацијата ескалирала до сериозни инциденти. Една жителка раскажала како нејзиното дете во дворот извикало дека видело нож, по што веднаш повикале полиција.
Жителите велат дека Синани прскал дрвја со хемиски супстанции, поради што се сушеле и паѓале. Тие тврдат дека истите супстанции биле фрлани и во близина на базен каде се капеле деца.
„Имаме поднесено шест-седум пријави во полиција… Но секогаш завршува исто: полицијата го одзема ножот и тука завршува. Наместо да стивне, тој станува уште посилен“, вели една од соседките.
Покрај физичките закани, жителите сведочат и за вербални закани, како и за провокации со прекинување на водата.
Од Министерството за внатрешни работи сè уште нема официјален одговор за поднесените пријави и можните мерки.