Познатиот португалски тренер Жозе Мурињо повеќе не е на чело на турскиот гигант Фенербахче. Клубот ја објави одлуката за прекин на соработката по неуспехот да се пласираат во Лигата на шампионите.
Мурињо пристигна во Фенербахче во јули минатата година и го водеше клубот на 62 натпревари, со 37 победи, 14 нерешени резултати и 11 порази. За време на неговиот мандат, тимот заврши на второто место во турското првенство и стигна до осминафиналето во Лигата на Европа, каде што беа елиминирани од Глазгов Ренџерс.
Бидејќи Мурињо доби отказ, Фенербахче ќе мора да му исплати отштета од 15 милиони евра.
Во меѓувреме, англиските медиуми го поврзуваат Мурињо со клупата на Нотингем Форест, каде што се шпекулира за заминување на актуелниот тренер Нуно Еспирито Санто поради нарушени односи со сопственикот. Мурињо, кој има освоено три титули во англиското првенство со Челзи, веќе е добро познат на англиската фудбалска сцена.