​Загадување од „Дрисла“: Непријатен мирис се шири над Скопје, Ангелов најави засилени активности

Вечерва непријатен мирис од депонијата „Дрисла“ се чувствува во делови од Скопје, откако ветрот го смени правецот и почна да дува кон градот, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

​„И вечерва, но и во текот на ноќта, продолжуваат активностите за затрупување на депонијата ‘Дрисла’. Активностите за затрупување ќе бидат дополнително засилени рано наутро“, изјави Ангелов.

​Тој најави дека за утре се планирани и повеќе дополнителни активности на дивата депонија Вардариште, за што дополнително ќе информира во текот на претпладнето.