Загрижувачка приказна за родителски права и институционална неправда

Татко тврди дека неговото осумгодишно дете е исчезнато повеќе од четири месеци, обвинувајќи за тоа мајката и институциите. Во потресната објава, родителот ја опишува својата долгогодишна борба за родителски права и тврди дека е жртва на уцени и притисоци од страна на Јавното обвинителство, МВР и Центарот за социјална работа.

​Според неговите тврдења, мајката на детето, заедно со нејзиниот партнер, веќе три години го изолираат момчето од него. Ситуацијата кулминирала ова лето, кога тој целосно го изгубил контактот со синот и тврди дека нема никаква трага од него. Тој посочува дека во минатото му бил спречуван контакт преку телефон и одбиван пасошот за одмор.

​Во 2022 година, таткото бил обвинет за семејно насилство и, според него, без докази, детето било присилно одземено од социјални служби. Ова решение неодамна било поништено од Апелациониот суд како неосновано, но, како што вели родителот, траумите кај детето останале. И покрај поништеното решение, тој е казнет со ново – да го гледа детето само еден час под надзор, што, според него, исто така не се почитува.

​Таткото тврди дека бил изложен и на коруптивни притисоци од страна на државни службеници. Тој наведува дека му било побарано мито од судијка од Кривичен суд за случај во кој бил обвинет, како и од инспектор од Министерството за труд и социјала. Според неговата изјава, тој и неговото дете се жртви на системско малтретирање во „лавиринт на судска корупција“. Тој истакнува дека, и покрај неговата голгота која трае со години, надлежните институции не преземаат никакви мерки.

Решенијата ќе бидат објавени со сите останати документи кога ќе се земе изјава на останатите страни(во рок од 7 дена)