​Заедничка акција на полицијата и обвинителството: Битолчанец уапсен за изнуда

Во заедничка акција на Основното јавно обвинителство Битола и СВР Битола, вчера е уапсен 42-годишниот Д.Г. од Битола, под сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

​Тој бил лишен од слобода околу 17:25 часот во трговски комплекс на улицата „Климент Охридски“ во Битола, веднаш по примањето пари од оштетеното лице.

​Според полицијата, осомничениот во текот на 2024 и 2025 година, во повеќе наврати, со закани барал пари од лице од Битола за различни услуги и потреби. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.