Не помагаат бре девојчиња оние слики, нагласени облини, таму кај што ги нема фотошопирани. Не помагаат ни тие отворени разголувања, ни излигавени муцки, ни модерни крпчиња.
Нема во вас емоција, фали сила, силна и уметничка душа, темперна боја во вашите очи кои и не се така лоши ама ако се во себе.
Не помага огледалото во кое се шупите, во кое вриете, се лицкате, пред кое се вртите. Тоа сега гледа лик и дава сигнали, кои често не Ви се допаѓаат. На него гледате намуртена фаца спремна за беден флерт ама сенката во вашите души тешко ќе ја отвори. Тоа не го фаќа ни магнетна резонанца.
Е тоа е тоа што ве дели од реалноста и што утре ќе ве обезбои во истата.
А огледалото нема секогаш да го дава истиот лик. Вистината која за некоја година ќе пробате да ја промените не е посилна од одразот во стаклото. Најпаметно Ви е да го скршите истото,пред животот да Ве скрши вас и да Ви ја наметне судбината на бесконечните парчиња од скршената слика.
Ма допаѓало Ви се тоа или не , клизате во пропаст.
Залудно ве тренираат вашите мајки да бегате за богати, залудно Ви ставаат мама, тато и стрина на сликите лајк, кои плискаат од беда и јад. Тагата е во далеките души кои Ви мислат арно ама за разлика од огледалото, не Ви кажуваат, нив не можете да ги лупнете од земја.
На крај ваше си е.
Ако под итно не почнете да се урамнотежувате, фосфорот ќе наслика друг лик во вашата темница, а вие ќе останете домино плочка ама во рацете на некои моќни играчи кои од вас ќе направат дрвени играчки.
Наполнете се малку со емоции, напуштете ја таблоидната стварност и преминете во регуларната утопија.
Барем таму можете да останете луѓе колку толку, утре да раѓате деца, некако да ги воспитувате.
Во спротивно останувате во кругот на ефектната двојка.
Таман колку да не повтарате ама и да не се квалификувате.
Кога ќе дојде паметот огледалото повторно ќе се состави.
Ама ќе биде исто ко вас. Пожолтено, остарено со избледена рамка.Почнувате да стареете кога престанувате да губите.
Ќе се гледа и на него и на вас, брзата неупотребливост.Длабоките брчки тогаш ќе го цртаат вашиот портрет а вие ќе сте беспомошни.
Е тука веќе огледалото е на таванот, заборавено, а и што ќе Ви е..
Тогаш е веќе касно.
За се!!
Пишува: Митко Василевски