​Запалено возило на полициски службеник во Битола

На 14 август, околу 02:10 часот, во СВР Битола е пријавен пожар на улицата „Раштанска“, каде што било опожарено патничко возило „фиат добло“ сопственост на З.М. (54) од Битола.

​Екипа на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) го изгаснала пожарот, а увид на местото на настанот извршиле полициски службеници од СВР Битола.

​Според информациите до кои успеавме да дојдеме, опожареното возило е на полициски службеник од СВР Битола. Причините за пожарот сѐ уште се непознати и се очекуваат повеќе детали од надлежните органи.