Запленети 100 кесички со марихуана,  уапсен дилер по потера низ Скопје

Скопската полиција вчера, околу 19 часот на улицата „Анкарска“, го уапси Р.Ѓ. од Скопје по кратка потера. Осомничениот, кој при обидот за бегство повредил полициски службеник, фрлил кеса во која имало 100 кесички со марихуана.

​Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје му дале знак на Р.Ѓ. да застане, но тој се обидел да побегне. По преземените мерки и активности, тој набргу бил фатен и лишен од слобода.

​По документирање на случајот, против Р.Ѓ. ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, согласно член 215 од Кривичниот законик.