​Здравствените власти дистрибуираат маски N95 за жителите на Трубарево

Министерството за здравство, во соработка со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево.

​Маските се обезбедени од Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а во дистрибуцијата ќе помогнат екипи од јавните претпријатија и Општина Гази Баба.

​Според министерот за здравство Азир Алиу, оваа мерка е приоритет и има за цел да ја намали непосредната изложеност на локалното население на загадениот воздух од пожарот.

​На терен се присутни и две возила на Итната медицинска помош, подготвени да интервенираат и да им пружат помош на пожарникарите и на граѓаните.

​Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје најавија дека ќе ја следат состојбата и ќе преземаат понатамошни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.