Зеленски и Трамп ќе се сретнат во Њујорк на Генералното собрание на ОН

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека ќе се сретне со претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на Генералното собрание на ОН, кое ќе се одржи во Њујорк од 21 до 24 септември.

​Зеленски изјави дека, освен средбата со Трамп, ќе има и низа билатерални разговори. Исто така, најави дека постои можност и првите дами, Олена Зеленска и Меланија Трамп, да одржат посебна средба посветена на хуманитарни прашања, особено теми поврзани со децата.

​Претседателот на Украина истакна дека Трамп очекува Европа да преземе посилни чекори во однос на санкциите против Русија.

​„Секако, ние ја поддржуваме цела Европа да воведе санкции и да ја заостри царинската политика против земјите што купуваат енергетски ресурси од Русија… Подготвени сме да се сретнеме со Путин. Разговарав за тоа. И билатерално и трилатерално. Тој не е подготвен“, рече Зеленски.