Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија регистрираше земјотрес ноќва во 02 часот и 13 минути, со епицентар во регионот на Валандово, на 116 километри југоисточно од Скопје.
Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од ML2.2.
Земјотресот е почувствуван во Струмица и околните населени места со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.