Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златната топка, ќе биде доделена на 22 септември во Париз. Како главни фаворити за наградата се издвојуваат Усман Дембеле и Ламин Јамал.
Дембеле имаше извонредна сезона со Пари Сен Жермен, освојувајќи ги сите домашни трофеи, како и титулата во Лигата на шампионите.
Меѓу другите кандидати се споменуваат и Рафиња, Мохамед Салах и Килијан Мбапе. Самиот Мбапе го поддржа својот соиграч Дембеле, изјавувајќи за „Телефут“: „Усман ја заслужува (Златната топка), го поддржував од самиот почеток. Ако ме прашаш, јас лично би му ја однел дома“.