Кандидатот за градоначалник на Општина Кривогаштани од СДСМ, Игор Каравилоски, одржа средба со управите на локалните фудбалски клубови кои се натпреваруваат во Трета и Општинска лига, најавувајќи засилена поддршка за спортските активности во општината.
Каравилоски истакна дека состанокот бил „убав и конструктивен“, при што отворено разговарале за условите за работа, предизвиците и идеите за развој на спортот.
„Спортот ги зближува луѓето и ја крева младината, затоа јас ќе продолжам да го поддржувам со вистински чекори, подобри услови и помош за клубовите и младите спортисти во нашата општина“, изјави Каравилоски.
Тој нагласи дека неговата програма предвидува здружено работење со клубовите за да се обезбеди поактивен спортски живот и поголема поддршка за младите спортисти во Кривогаштани.
По работниот дел, кандидатот и претставниците на клубовите имале и спортско дружење во салата, кое го опиша како „фер-плеј, смеа и добра атмосфера“.