Според резултатите од индикативните мерења на квалитетот на амбиенталниот воздух во Трубарево, спроведени од 19 до 20 септември 2025 година, концентрациите на PM10 честичките се во рамки на дозволените граници.
Мерењата се извршени со автоматски систем, а добиените податоци покажуваат дека просечната концентрација изнесува 9,7 µg/m³, додека максималната измерена вредност е 28,2 µg/m³.
Според извештајот, овие вредности се во согласност со Уредбата за гранични вредности и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на човековото здравје.
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) нагласува дека континуирано го следи квалитетот на воздухот за навремено информирање и заштита на здравјето на населението.