Израел синоќа изврши воздушни напади во околината на сириските градови Хомс, Латакија и Палмира, јавија сириски државни медиуми. Израел сè уште не ги коментирал нападите.
Сириското Министерство за надворешни работи ги осуди нападите како „јасно кршење на сирискиот суверенитет и закана за регионалната стабилност“, додавајќи дека тие се дел од серија напади кои се интензивираа по почетокот на војната во Газа.
Сириските медиуми објавија снимки, но не известија за обемот или последиците од нападите. Израел со години спроведува воздушни напади во Сирија, уништувајќи дел од нејзината воена инфраструктура.