Иле Ристески: Со Перо сме другари, нема потреба од теории

Во однос на некои коментари што се појавија по вчерашниот подкаст кај Боки 13, би сакал да се огласам накратко, само за да расчистиме некои работи.

Коментарите од типот „во какви односи е со Иле боксерот?“ и „прашај зошто го избрка обезбедувањето – Иле?“ не држат. Прво, никој никого не избркал. Со Перо Антиќ соработував извесен период и ја прекинавме таа соработка спогодбено, на фер и пријателски начин. И ден денес сме во одлични односи, си се почитуваме и често не’ гледаат заедно по скопските кафани – на иста маса, со иста чаша, да не речам.

Секако, не ме погодија коментарите, ама чувствував дека треба да се каже вистината. Немало и нема никаков конфликт, само нормален прекин на соработка – како што тоа функционира и во спортот, и во животот.

Толку од мене, останатото – прашајте не кога ќе не видите заедно.

 

Иле Ристески

(Да, тој Иле – од рингот, не од гласините)