Илиевска: Секако ќе бидам во втор круг, се надевам на соработка со новиот Совет за доброто на Битола

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, која е актуелен кандидат за градоначалник на Битола и нема да биде дел од новиот состав на Советот, изјави дека не може да каже кој ќе ѝ недостасува од советниците во заминување, но искажа надеж за соработка во иднина.

​„Јас нема да бидам советник и не можам да кажам како советник дали некој ќе ми фали… нема да ми фалат како советници, бидејќи јас нема да бидам советник, меѓутоа како градоначалник искрено се надевам дека заеднички ќе ги спроведуваме проектите кои им се потребни на битолчани“, рече Илиевска, додавајќи дека се надева оние кои ќе останат во Советот ќе се залагаат за граѓаните.

​На прашањето кого го очекува во вториот круг за избор на градоначалник на Битола, Илиевска одговори дека тоа ќе биде оној кој ќе има повеќе гласови од другите кандидати.

​Во однос на тоа кого посакува за противкандидат во вториот круг, таа беше децидна: „Тоа ќе одлучат граѓаните, јас секако ќе бидам во втор круг“.