Пред два дена, Илон Маск ги праша своите следбеници на X дали на САД им е потребна нова политичка партија. Причината за таквата објава е, секако, жестоката расправија што избувна меѓу него и Доналд Трамп.
„Дали е време да се основа нова политичка партија во САД што би претставувала 80 проценти од луѓето“, праша Маск пред два дена.
80 проценти од луѓето одговорија потврдно.
Синоќа, Маск посочи дека ова може да се случи.
„Народот проговори. На Америка ѝ е потребна нова политичка партија што би претставувала 80 проценти од луѓето. И точно 80 проценти од луѓето се согласуваат дека е потребна нова партија. Ова е судбина“, напиша Маск.
Потоа го откри името.
„Американската партија“, напиша тој во следниот пост.
Секако, нема дополнителни информации за потенцијалното основање партија. Самиот Илон Маск никогаш претходно не ја споменал оваа опција.