Новиот тренер на Ал Хилал, Симоне Инзаги, донесе изненадувачка одлука на почетокот на својот мандат – го отпиша од тимот најдобриот стрелец Александар Митровиќ. На српскиот напаѓач ќе му биде исплатена последната година од договорот, а тој доби статус на слободен играч.
Според фудбалскиот инсајдер Николо Шира, за услугите на Митровиќ, кој е најдобар стрелец во историјата на српската репрезентација, заинтересирани се италијанските гиганти Милан и Рома.
Митровиќ, наводно, нема ништо против да се врати во Европа, иако претходно се шпекулираше за негово можно враќање во Премиер лигата.
Со оглед на тоа што преодниот рок трае уште само два дена, неговиот менаџер ќе мора брзо да реагира.
За потсетување, Митровиќ во Ал Хилал беше заменет од Дарвин Нуњез, кој дојде од Ливерпул за 53 милиони евра.