Интер го доби првото засилување за новата сезона, пристигнува Бразилецот Луис Енрике

Италијанскиот шампион Интер се засили со ново име пред стартот на клупскиот Мундијал во САД – бразилскиот крилен напаѓач Луис Енрике е новото засилување на „нероазурите“, пренесуваат италијанските медиуми.

Договорот меѓу Интер и Олимпик Марсеј е постигнат, а трансферот е вреден 23 милиони евра, со можност износот да се зголеми до 25 милиони преку бонуси. Енрике (23) ќе потпише петгодишен договор и ќе биде на располагање на тренерот Симоне Инзаги уште од јуни, кога започнува Светското клупско првенство.

Иако примарно ќе биде алтернатива на Дензел Дамфрис на десната страна, разноврсноста на Бразилецот му овозможува да покрива повеќе позиции во офанзивниот дел од тимот – карактеристика што го направила привлечна опција за Интер.

Во кариерата, Луис Енрике двапати настапуваше за Ботафого, а по трансферот во Марсеј имаше и позајмица назад во бразилскиот клуб. Сега добива шанса да се докаже на највисоко ниво во Серија А и во интернационалните натпреварувања со Интер.