Голем број полициски службеници се распоредени околу и во дворот на болницата во Прилеп, по инцидент во кој две поголеми групи се обиделе да се пресметаат.
Според неофицијални информации, лицата биле од ромска популација и биле вооружени со огнено и ладно оружје. Засега не се познати причините за инцидентот.
Полицијата во моментов трага по инволвираните лица, а се очекуваат повеќе информации во текот на денот. Полицијата употребила огнено оружје за да ја смири толпата.