Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, објави дека Владата усвоила оперативен план за вработување во вредност од околу 2,5 милијарди денари или околу 40 милиони евра.
Ова е, како што нагласи, историски најголем финансиски оперативен план, за 7 милиони евра поголем од претходниот.
Главната цел на планот е да се овозможи вработување на невработени лица, со посебен фокус на младите до 29 години. Ристески додаде дека ова е одговор на, како што вели, „грешните политики“ на претходната влада, кои придонесоа за заминување на работоспособните и младите луѓе од државата.