По осум години пауза, Македонија повторно ќе има свој претставник во групна фаза на европско натпреварување!
Шкендија направи голем подвиг – со вкупни 3:1 го елиминираше романскиот ФЦСБ и обезбеди пласман во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите. Со тоа, тетовскиот клуб најмалку ќе игра во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА!
Победата во Букурешт со 1:2 ја донесоа головите на Љатифи и Крстевски, а еден од хероите беше и ветеранот Ибраими, кој беше во центарот на акцијата речиси цел меч.
Следниот предизвик за Шкендија е азербејџанскиот шампион Карабах. Доколку не успеат, ќе имаат уште две шанси – преку Лига Европа и потоа во Конференциската лига.