​Историско злато за Танзанија на маратонот во Токио, Алонсо Симбу победи во фотофиниш

​Танзаниецот Алфонс Феликс Симбу освои историски златен медал на маратонската трка на Светското првенство во Токио, во спектакуларен финиш со фотофиниш. Ова е прв и најсјаен медал во историјата на оваа африканска земја на светските првенства.

​Симбу успеа буквално да му го „украде“ златото на Германецот Аманал Петрос во последните моменти од трката. На околу 100 метри пред целта, Петрос го засили темпото и се чинеше дека ќе победи. Сепак, во последните 20 метри, Симбу пронајде нова сила и го престигна со само 0,03 секунди предност.

​И двајцата маратонци ја завршија трката со време од 2:09:48 часа. Бронзениот медал го освои Италијанецот Ауани, кој пристигна пет секунди по нив.

​Високата влажност во Токио беше голем проблем за многу фаворити, поради што голем број од нив се откажаа од трката, вклучувајќи тројца маратонци од Етиопија и еден од Кенија.