Во тек е голема потрага по бугарскиот државјанин И.Т. (52), кој исчезна денеска додека нуркал во Охридското Езеро. Според полициските информации, инцидентот се случил околу 13:15 часот, во водите кај селото Трпејца.
Полицијата во Охрид веднаш ја алармирала езерската полиција и Црвениот крст. Во потрагата по исчезнатиот нуркач, кој според пријавата нуркал на длабочина од 89 метри, се вклучени специјализирани тимови од езерската полиција, како и нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“.
Фото: Илустрација