Денеска, 25.09.2025 година, во 01:08 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип лишиле од слобода 54-годишниот А.Т. од Италија.
Лицето било запрено при контрола во патниот сообраќај додека управувал патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки. Притоа било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,68 промили алкохол во крвта.
А.Т. веднаш е исклучен од сообраќај. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.