Кандидатите на СДСМ Прилеп во посета на „Комфи Ангел“: Соработката со бизнисот е клучна за развој

Кандидатката за градоначалничка на Општина Прилеп од СДСМ, Петра Лукароска, и носителката на листата за советници, Драгица Николоска, остварија посета на компанијата „Комфи Ангел“.

​СДСМ Прилеп ја истакна важноста на соработката помеѓу локалната самоуправа и бизнис секторот, посочувајќи ја компанијата „Комфи Ангел“ како позитивен пример.

​Според партиската објава, „Комфи Ангел“ повеќе од 20 години е „пример за успешна и општествено одговорна компанија“.

​Партијата нагласува дека градењето партнерство со прилепските компании, малите и средните фирми, е од обострана и клучна важност за развој на локалната заедница.