Кандидатката за градоначалник на Општина Центар, Билјана Ивановска, доби повик за распит во Обвинителството поради кривична пријава поднесена против неа од страна на физичко лице.
Од Обвинителството информираат дек повикот не е поврзан со нејзината кандидатура и дека е испратен уште на 25 јули, пред таа да ја објави одлуката да се кандидира. Кривичната пријава, пак, била поднесена на 18 февруари годинава.
Обвинителката Адела Бојчевиќ ја контактирала Ивановска и ѝ понудила да го одложи распитот доколку смета дека тој може да се протолкува како притисок за време на изборната кампања.
Ивановска, која реагираше дека поканата ја добила само 11 часа по објавувањето на кандидатурата, изјави дека нема намера да ја одложи постапката и дека ќе се појави на распит, бидејќи нема што да крие. Засега не се откриваат детали за подносителот на пријавата, ниту за какво кривично дело станува збор.