Кандидатот на СДСМ за Кисела Вода, Горан Трајковски, ветува трајно решение за кучињата скитници

Кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од СДСМ, Горан Трајковски, денеска јавно се осврна на проблемот со кучињата скитници, ветувајќи дека ќе понуди и спроведе трајно и системско решение.

​Во својата објава, Трајковски истакна дека безбедноста на граѓаните му е приоритет. Тој посочи дека сегашната состојба е резултат на „повеќегодишна негрижа“ и лоша координација меѓу општинската и градската администрација.

​Трајковски предложи решение преку партнерство со граѓанските здруженија кои се најкомпетентни за овој проблем. Според неговата идеја, Општината ќе обезбеди простор и средства за опремување и одржување на прифатилиште, додека граѓанските организации ќе бидат одговорни за управувањето со тој простор, како и за заловувањето и чувањето на кучињата.