Каравилоски: Андреј Ацески едногласно избран за Претседател на Советот на Кривогаштани

Градоначалникот на Општина Кривогаштани, Игор Каравилоски, информираше дека денеска се одржа првата конститутивна седница на Советот на општината. На седницата, по верификацијата на мандатите, за нов претседател на Советот едногласно беше избран Андреј Ацески од редовите на политичката партија Левица.

​Седницата помина во свечена и конструктивна атмосфера, со што официјално започна четиригодишниот мандат на новоизбраните членови на Советот.

​„За претседател на Советот на Општина Кривогаштани со едногласна поддршка од сите советници беше избран Андреј Ацески, од редовите на политичката партија Левица“, соопшти Каравилоски.

​Новоизбраниот претседател ќе ја води работата на Советот и ќе се грижи за спроведување на одлуките, транспарентноста и демократското функционирање на локалната власт.

​Од Општина Кривогаштани посакаа успешна работа и многу постигнувања на новите членови на Советот, со надеж за продолжување на заедничката работа за развој на општината.