Каранфилова Пановска: Програмата на Маја Хеско за Велес нуди инкубатори за стартапи, фонд за женско претприемништво и модерен Дом за стари лица

Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, заедно со кандидатката за градоначалник Маја Хеско и носителот на советничката листа Јованче Манасков, на средба со граѓаните на Велес истакна дека во центарот на програмата на СДСМ се реалните потреби на луѓето и создавањето град со можности за сите.

​„Во центарот на оваа програма сте вие, луѓето, граѓаните и реалните потреби со кои се соочувате. Нашата цел е да создадеме град кој нуди можности за сите – за младите, за жените, за пензионерите, достоинствен живот за граѓаните на Велес,“ рече Каранфиловa Пановска.

​Приоритети: Млади, жени и социјална заштита

​Во делот за младите, програмата на СДСМ предвидува:

​Отворање младински иновациски лаборатории – простори за стартапи, ИТ-решенија и креативни проекти.

​Програма за младинско вработување во партнерство со компании.

​Бесплатни обуки за дигитални вештини, странски јазици и претприемништво.

​Особен акцент е ставен на жените и економското јакнење преку фонд за женско претприемништво, поддршка на креативни индустрии и обуки за добро платени сектори.

​Во делот на социјалните политики, СДСМ во Велес планира:

​Субвенции за самохрани родители.

​Бесплатен училиштен прибор и книги за деца од ранливи семејства.

​Пристапност за лицата со попреченост и изградба на инклузивни детски игралишта.

​Поддршка за пензионерите и модерен дом

​Посебен дел од програмата е посветен на пензионерите, за кои се планира:

​Пренамена на објектот „Вила Зора“ во современ Дом за стари лица.

​Бесплатен јавен превоз за пензионерите и активности за трета доба.

​Каранфиловa Пановска ги повика граѓаните својот глас на 19 октоврми да го дадат за бројот 5, за Маја Хеско за градоначалничка и советничката листа на СДСМ и Коалицијата, порачувајќи дека СДСМ се бори Велес да стане модерен, чист и зелен град, со силна економија што создава можности.