Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е првиот финалист на УС Опен, откако во првото полуфинале го совлада Новак Ѓоковиќ со убедливи 3:0 во сетови (6:4, 7:6, 6:2).
Се очекуваше спектакл, но освен во вториот сет, во кој Ѓоковиќ водеше со 3:0 во гемови, не видовме голема борба. Алкараз, кој се покажа како подобар во клучните моменти, успеа да се врати и да го добие сетот во тај-брејк.
По водството од 2:0, Ѓоковиќ, очигледно демотивиран, не пружи голем отпор во третиот сет, дозволувајќи му на Алкараз да го освои со 6:2 и да се пласира во големото финале.
Со овој пораз, српскиот тенисер ќе почека на својата 25-та гренслем титула. Во финалето, Алкараз ќе игра против подобриот од второто полуфинале, во кое се среќаваат Јаник Синер и Феликс Оже-Алијасим.