Поранешниот селектор на Данска, Каспер Хјулманд, е промовиран во нов тренер на Баер Леверкузен. Тој доаѓа на местото на Ерик тен Хаг, кому управата му врачи отказ по само 62 дена на клупата.
Тен Хаг, кој го водеше тимот на само три натпревари, беше сменет за време на репрезентативната пауза.
За Хјулманд ова е враќање во германскиот фудбал, откако претходно го тренираше Мајнц од 2014 до 2015 година. Тој беше на чело на данската репрезентација од јуни 2019 година, а најголемиот успех го постигна со пласманот во полуфиналето на Европското првенство во 2021 година.