Катастрофа за Шкендија: Пораз од 5:1 од Карабах и елиминација од Лигата на шампионите

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија доживеа убедлив пораз од 5:1 на гостувањето кај Карабах во Баку, во реванш натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Со вкупен резултат од 6:1, тетовци се елиминирани од најелитното европско натпреварување и ќе ја продолжат својата европска авантура во плеј-офот на Лига Европа.

​Натпреварот започна идеално за Шкендија. Во 10. минута, Ибраими со долга топка го пронајде Тамба, кој постигна гол за водство од 0:1. За жал, радоста на тетовци траеше кратко. Само шест минути подоцна, по одлична акција на Карабах, Цаке си постигна несреќен автогол за 1:1.

​Од тој момент, Карабах целосно ја презеде контролата на теренот. До крајот на првото полувреме, домашниот тим постигна уште три гола преку Кади, Акундзаде и Јанковиќ од пенал, поставувајќи го резултатот на 4:1.

​Во второто полувреме, доминацијата на Карабах продолжи. Во 59. минута, Леандро Андраде го постави конечниот резултат од 5:1. Шкендија беше немоќна да се спротивстави на класата на противникот.

​Овој пораз е трет највисок во европската историја на Шкендија, а клубот ќе мора да извлече сериозни поуки од оваа елиминација пред да настапи во плеј-офот на Лигата на Европа.