Каја Шукова го критикува Стојанче Ангелов за изјавата за Ромите од Вардариште

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, реагираше на изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој рече дека „Ромите од Вардариште со сила треба да се иселат“.

​Шукова ја оцени оваа изјава како „врв на нечовечноста“ и обвини дека власта ги злоупотребува луѓето од најниските слоеви за да ја оправда својата неспособност да се справи со пожарите.

​„Со кое право Ангелов кажува дека Ромите кои живеат во Вардариште требало ’на сила да бидат иселени‘?“, праша Шукова.

​Таа истакна дека Ангелов и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, наместо да најдат решение, напаѓаат и дискриминираат цела заедница.

​Според Шукова, откако владата се демантираше со различни ставови за причините за пожарите, сега се обидува да се брани со оцрнување и етикетирање.

​„Граѓаните на Скопје треба да знаат дека локалните институции имаат задача да најдат решение за проблемот, а ВМРО-ДПМНЕ цели четири години не најде решение“, рече Шукова, додавајќи дека власта измислува „странски центри“ и напаѓа ранливи групи за да ја прикрие својата неспособност.