Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, денес на прес-конференција ги претстави своите приоритети и визија за подобрување на главниот град.
Таа потенцираше дека се кандидирам како градоначалничка на сите скопјани, без разлика на партиската припадност, со цел да се врати достоинството на Скопје, кое, според неа, е доведено до историско дно поради лошото управување во изминатите години.
„Скопје е град кој заслужува да биде чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден за сите граѓани“, истакна Шукова. Таа најави конкретни мерки како реформи во јавниот превоз, запирање на урбанистичкиот хаос, дигитализација на градските услуги, како и борба против корупцијата и политичката партизација.
Кандидатката за градоначалничка посочи дека веќе започнале активности кои ќе ги вклучат граѓаните и стручната јавност за создавање на реална и остварлива програма за развој на градот.
„Скопје не смее да чека, а јас нема да чекам“, рече Шукова, повикувајќи ги сите граѓани да се приклучат во заедничката борба за подобро утре на главниот град.