Ким Кардашијан го „запали“ интернетот: Вљубена сум во Џуд Белингем

Ким Кардашијан повторно предизвика бура на социјалните мрежи со нејзината неодамнешна изјава во која отворено ги изрази своите чувства кон 21-годишната ѕвезда на Реал Мадрид, Џуд Белингем.

​На 44 години, Ким тврди дека во младиот фудбалер конечно ја пронашла вистинската љубов и не го крие својот ентузијазам.

​„Знам дека ова ќе звучи лудо, но јас сум вљубена во Џуд Белингем… Од денот кога Џуд Белингем ме бакна, јас не сум јас. Колку и да се трудам, не можам да престанам да мислам на него“, изјавила Кардашијан.

​Таа додаде дека за неа разликата во години не е пречка, нагласувајќи дека „годините се само бројка“.

​„Излезе дека не е добар само во фудбал, тој е добар во сè. Мислам дека ја најдов мојата подобра половина во него. Тој е моја сродна душа и копнеам по него“, заклучи Ким.