Во организација на Институтот за македонска литература (ИМЛ), на 25 и 26 септември ќе се одржи Меѓународната научна конференција „Книжевни проекции 2025: Година на значајни јубилеи“.
Свеченото отворање е закажано за 25 септември во 10:30 часот во амфитеатарот на ИМЈ „Крсте Мисирков“ во Скопје. Настанот ќе го отворат министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, и директорката на ИМЛ, проф. д-р Наташа Аврамовска.
Проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од ИМЛ ќе одржи излагање насловено „Значењето на писателите родени во четвртата деценија за развојните вертикали на македонскиот роман“.
Работата по сесии ќе продолжи во салата за седници на Институтот во текот на двата дена.